Дел од патиштата непроодни, делови без струја - каква е состојбата во Македонија?

 

Поради дефект, без струја се с. Дреново, с.Лисиче и с. Г.Врановци.- Богомила со околните села. Рудник, Џидимирци, Лугунци, Бузалково, С лп, Сливник и Карабуниште. Екипите за поправка се на терен и работат на отстранување на дефектите.

             Патните правци Чашка-с.Г.Врановци-с.Дреново, Чашка – с.Извор- Јасеново и Чашка-Богомила се проодни со зимска опрема.. Екипите на Ј П Македонија пат во текот на денот ке го исчистат патот.

           Тетовски регион

           Во општина Боговиње патните правци кон планински населени места Ново Село, Урвич, Јеловјане, Селце и Раковец се расчистуваат од раните утрински часови и во текот на денешниов се очекува да бидат проодни.

            Во сите други низински населени места, патните правци се проодни, во зимски услови.

Забраната за сообраќај на превојот Стража и кракот кон Маврово, како и правецот кон Граничен премин Јажинце и Попова Шапка е сеуште на сила. На регионалните патни правци од Тетово кон Волковија до Гостивар и Тетово – Јегуновце преку Шемшово, исто така има забрана за сообраќај на тешки товарни возила.  

            Во општина Гостивар непрооден е патниот правец кон с.Бигор и околните села.

             Во општина Врапчиште непрооден е патниот правец кон с.Градец.

            Во општина Ростуше не работат училиштата и сеуште нема снабдување со електрична енергија. Пристапот до повеќето населени места е отежнат. Во моментов се врши расчистување на патните правци.

 Магистралниот пат Гостивар-крак Стража е прооден и проширен, исто така и опесочен  и се чисти и проширува. Има забрана за движење за тешки товарни возила. Патниот правец Крак -Маврово -Дебар е прооден и се чисти понатаму со забрана за движење на тешки товарни возила.

 Скопски регион

             На територија на град Скопје сите булевари, магистрални и собирни улици се проодни и сообраќајот се одвива во зимски услови. Од страна на зимската служба на ЈП Улици и Патишта во изминатиот период е интервенирано на расчистување на улиците со потребна механизација и се фрлени 250 тона сол.

            Во општина Чучер Сандево автобускиот сообраќај до селото Побожје не се одвива. Сообраќајот до селата Танушевци, Малино и Брест е прооден само за  теренски возила. 

            Во општина Бутел електрична енергија немаат корисниците од село Љубанци.

Во општина Карпош во моментот се расчистува патниот правец кон селото Горно Нерези.

Во општина Сарај отсечени се селата Раовиќ, Паничари ,Горна Матка, Семениште и Чајлане и се работи на расчистување на патот. Без електрична енергија се корисниците од селата Сарај и Кондово.

Во општина Ѓорче Петров се работи на расчистување на патот до село Кучково.

            Во Општина Петровец сите патни правци се проодни освен кон селата  Катлановска Брезница, Кожле, Бадар и Летевци.

 Охридски регион

             Патниот правец Охрид-Кичево  кај Пресека е во прекин. Патниот правец Охрид- Ресен е прооден за сообраќај.

            Патниот правец Охрид – Струга  е прооден во зимски услови.Патниот правец Охрид - Св.Наум -граничен премин кон Албанија е прооден само до село Пештани.

  Кичевски регион

             Во општина Кичево сообраќајот на магистралниот пат А2 од Кичево према Гостивар не се одвива, како и сообраќајот на магистралниот пат А2 од Кичево кон Охрид.. Сообраќајот према Битола и Македонски Брод се одвива отежнато, со забрана за движење за тешки товарни возила.

Во општината Кичево не е обезбеден пристап до населените места кои се на поголема надморсјка висина, односно селата Бериково, Папрадиште, Ново Село, Калешовци, Речани Зајашко, Тајмиште, Добреноец, Јаорец, Лавчани, Душегубица, Попоец, Малкоец, Кленоец, Ехлоец, Иванчишта, Јудово, Кладник, Црско, Крушица, Патеец, Карбуница и други села кои спаѓаат во трет приоритет за чистење на патишта согласно програмат за зимско одржување на патиштата.

На регионалните патни правци се врши расчистување а на локалните патни правци  нема почнато со расчистување.

 Струја во моментов нема во општина Дебар. Локалните патни правци се непроодни. Патниот правец Дебар - Струга е непрооден.

Патниот  правец Струга -Ќафасан е прооден за сообраќај за лесни моторни возила. Патниот правец Струга Дебар не е прооден. Дел од патиштата кон селските населби се проодни а додека селата во Малесија се непроодни. Училиштата во општина Струга не работаат. Водоснабдувањето во општина Струга е нарушено.

Населбата Самоков и Поречијето се без електрична енергија. Патниот правец М.Брод Кичево е прооден за лесни моторни возила. Локалните патни правци во општина М.Брод се непроодни.

 Битолски регион

         Забрана за тешки товарни возила има на планинскиот провој Ѓавато. Во прекин е напојувањето со ел. енергија од вечерните часови на ден 28.12.2014 година во селата: Добрушево, Ношпал, Ивањевци, Свето Тодори и Подино.

Во општина Новаци не е прооден регионалниот пат Р2338 од РЕК Битола-с. Рапеш-с. Градешница кој е од трет приоритет за чистење. 

Во општина Демир Хисар  не се исчистени патните правци за селата Радово, Зашле, Боишта, Големо Илино и Мало Илино. Нема електрична енергија во градот и околните села. Снабдувањето со вода е отежнато заради немањето ел. енергија и неработењето на пумпните станици за вода. Не работат сите градинки и училишта.

Во општина Крушево регионалниот патен правец Прилеп-Крушево е прооден за лесни возила со задолжително користење на зимска опрема, додека регионалниот патен правец Крушево-Демир Хисар не е прооден и моментално екипите на Македонија Пат интервенираат на истиот. Регионалниот патен правец Крушево-Пуста Река кој е од трет приоритет е завеан и непрооден. Локалните патни правци Кривогаштани-Бучин е прооден за лесни возила со зимска опрема, додека локалните патни правци-Стопанство-Врбоец-Светомитрани-Милошево-Пресил-Бучин не се проодни, ќе се интервенира во текот на денот. Локалните патни правци кон Алданци и Норово се проодни со теренско возило  и кон Борино,Саждево,Белушино  и Јакреново  е проодно со теренско возило. Отсечени села во општина Крушево се планинските села: Арилево, Долно Дивјаци, Горно Дивјаци  , Пуста Река , и с.Селце. Заради паднати два 110 КВ далеководи према ТС Сапотница  прекин во снабдувањето со електрична енергија на с.Арилево, Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река од раните утрински часови, екипите се на терен и се очекува дефектот да биде отстранет. Во с.Борино, Саждево и Белушино има прекин на наставата, а во с.Норово се одржува настава без учениците од с.Алданци и с.Пресил, во с.Врбоец и с.Светомитрани нема настава.

 Прилепски регон

 Во Прилеп патот за Витолиште (Мариово) е непрооден и е испратено возило за расчистување на патот. Прекин на електрично снабдување има на потегот Прилеп – Мариово и Прилеп – Тополчани..

Во општина Долнени непрооден е патот од Дупјачани према Небрегово и Вранче – Средорек. ЕЛС Долнени има целосен прекин со електрично снабдување. Во ЕЛС Долнени нема настава во повеќе училишта поради прекин на електрична енергија

 Ресенски регион

 Во општина Ресен сите магистрални регионални и локални патни правци се тешко проодни со голем остаток на снег на коловозот. Без напојување со ел. енергија се нас.места од с.Рајца до Долно Дупени, од Отешево до Стење, од Јанковец до крушје,  и дел од градско подрачје.  Заради дефект без вода за пиење се дел од населба Пролет , с. Прељуље и с. Г.Дупени.  Прекин во наставата има во подрачно основно ушилиште во с.Сопско  и с.Избишта, с. Болно с.Покрвеник, Дрмени, Езерени и Стење ОУ во с.Подмочани и ОУ Димитар Влахов – с. Љубојно

 Кумановски регион

 Во  општината Куманово  во  моментот   отсечени села и населби се: Кшање; Кокошиње, Житела; Кучкарево; Косматац; Мургаш; Пезово; Колицко; Живиње; Брзак; Вкв; Винце; Габреш; Зубовце; Карабичане; Кутлибег; Сопот и Сушево .

Регионалниот пат кој го одржува ЈП Македонија пат Драгоманце до село Арбанашко не е исчистен и прооден.  Отсечени села и населби : Аљинце; Арбанашко; Бајловце; Брешко; Буковљане; Враготурце; Врачовце; Дејловце; Длабочица; Добрача; Дренок; Жељувино; Канарево ;Карловце; Мгленце; Макреш; Малотино; Осиче; Рамно; Цветишница и Цвиланце. Во моментот се работи на расчистување на локалните патни правци до овие села и во текот на денот ке бидат проодни истите.

Прекин на снабдување на електрична енергија во Општина Старо Нагоричане има  во селата: Дејловце, Арбанашко, Жегљане, Кокино, Буковљане, Длабочица, Рамно Цветишница, Малотино и Врачовце. Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Отсечени се селата:

Руница; Алешевце; Белановце ; Гошинце и Лукаре ; Пресница; Стрима  со ; Извор и Злокуќане.

Прекини  на снабдувањето со електрична  енергија  има  во с.Матејче, с.Вишница и с.Никуштак. Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите и во текот на денот се очекува отклонување на дефектот. 

 Магисталниот пат кон граничниот премин Деве Баир  е прооден. Во моментот има забрана за тешки товарни возила. Патот кон  с.Дренак(општина Крива Паланка, е непрооден од с.Дурачка Река.

Во општина Кратово непроодни се патните правци кон селата: Близнаци, Луково, Куново, Мушково, Нежилово, Којково и Кратово  како и кон с.Татомир.

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега