Какво ќе биде времето за Нова година?

 

 

Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со појава на голомразица. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено денес и во среда кога на моменти ќе достигнува до 80км/ч.

 Температурите ќе бидат многу ниски, од утре до четврток утринските ќе бидат во интервал од -16 до -5, а најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти од -20 до -11 степени. Ниски температури ќе има и преку денот, утре и во среда од -11 до -3, а потоа ќе бидат во постепен пораст и за време на викендот ќе бидат од -5 до 5 степени.

 Врнежи од снег со слаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интезитет ќе има од утре попладне до среда на пладне.

 За време на новогодишната ноќ ќе биде многу студено, суво и ветровито, а температурата на повеќе места ќе биде околу -10 степени.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега