Босанското обвинителство бара да се продолжи притворот на Будимир

 

Јавното обвинителството на БИХ денеска поднесе жалба за одлуката на Судот со која е одбиено неговото барање за продолжување притвор на претседателот на Федерациајта на БиХ, Живко Будимир.

Обвинителството смета дека Будимир и останатите тројца осомничени за истиот случај, кои исто така се на слобода, би можеле да ја попрелуваат истрагата, да прикриваат докази или да влијаат врз сведоците.

Судот во Сараево минатата недела го отфрли барањето на Обвинителството, за повторно притворање на Будимир, откако по едномесечен притвор тој беше ослободен врз основа на одлуката на Уставниот суд на БиХ.

 

најчитано сега