Струшките села отсечени заради снегот - еве каде е најтешка состојбата

Високата снежна покривка ги отсече од сообраќај повеќето струшки планински села  и им создаде проблеми на службите за расчистување на патиштата.

Како што информира градоначалникот на Струга Зијадин Села, снегот направи проблеми и во градот каде континуирано од синоќа се расчистуваат коловозите. 

- Општинските служби од синоќа континуирано работат на расчистување на снегот од патиштата без разлика дали се во наша надлежност или не.  Состојбата не е добра зашто во прекин е и електричната енергија. Во поголемиот дел од селата во Струшкиот регион нема ниту струја, ниту вода зашто пумпите во водоснабдителниот систем кај селото Шум работат со помош на електрична енергија, вели Села. 

Најтешка е состојбата во селата во Малесија, потоа во Јабланица, Горно Татеши, Мороишта, Вевчани, Луково каде снежната покривка е многу повисока за разлика до онаа во Струга. 

Електричната енергија во Струшко е во прекин заради големитедефекти на двата далноводи на АД МЕПСО кои веќе се санирани. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески информира дека веднаш по санирањето на дефектите од страна на МЕПСО, екипите на ЕВН излегоа на терен и интервенираат секаде каде што е неопходно за да може да се стабилизира електричното напојување. 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега