ВНИМАВАЈТЕ: Ако не ви е исчистен снегот пред двор 50 евра казна

Зимската служба од општина Ѓорче Петров од синоќа на терен ги расчистуваше главните сообраќајници во општината, информираат од општината.

- На критичниот надвозник пред населбата „Даме Груев“ утрината немаше никаков застој и сообраќајот се одвиваше без никаквов застој. Се расчистуваа и патиштата кон селата Кучково и Никиштане како и патот кон селото Орман. Автобусите на ЈСП нормално ги одржуваат линиите до сите населени места. Воедно комуналните инспектори се на терен за да ги опоменуваат граѓаните навремено да ги расчистат тротоарите затоа што тоа е наша заедничка обврска. Според законот за јавна чистота граѓаните треба да ги расчистат тротоарите пред дуќаните и домовите шест часа по престанок на врнежите, се наведива во соопштението.

По првичните опомени општинските комунални инспектори ќе ги казнуваат сите оние кои нема да ги исполнат законските обврски, и тоа 100 евра за правни лица и 50 евра за физички лица кои нема да го расчистат тротоарот или влезот пред трговските објекти или домовите.

Оо општината апелираат до граѓаните да си ги завршат законските обврски за да нема казнување а сопствениците на моторни возила кои се паркирани на улиците, истите да ги отстранат за да може општинската механизација да ги расчисти и сервисните улици.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа