Никој не може да се пробие низ снегот до селото Лескоец на Галаичица

 

Во Општина Ресен на терен во моментот за расчистување на снег е вклучена механизација од Општина Ресен, ЈКП Пролетер, градежни фирми и механизацијата на „Македонија Пат“ која ги одржува регионалните и магистралните патишта низ општината.

Низ патиштата низ општината и улиците на град Ресен сообраќајот се одвива во отежнати услови со снег на коловозот, а екипи на ЈКП Пролетер започнаа со расчистување на тротоарите низ град Ресен.

Според последните информации во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Царев Двор околу 90 проценти од учениците не успеале да пристигнат на настава.

Зимските служби на општина Ресен уште од синоќа успееја да ги пробијат локалните патишта до критичните преспански села, а со акцијата продолжуваат и денеска.

Селото Лескоец, кое се наоѓа во пазувите на планината Галичица, засега е недостапно заради спецификата на теренот и таму во овој момент има 4-5 жители со кои надлежните служби се во постојан контакт. И покрај ваквите услови снабдувањето со неопходни наминирци за населението  се одвива нормално, а од општина Ресен уверуваат дека виталните функции за работа на здравствениот дом, противпожарната заштита и редовно водоснабдување нема да бидат доведено во прашање

- На планинските превои Ѓавато и Буково има забрана за движење на тешки товарни возила, а за останатите возила задолжилетелна е зимска опрема. Службени лица од Одделението за сообраќај при Полициската Станица Ресен на два пунктови го регулираат собраќајот кон превоите Ѓавато и Букуво, соопштија од општинскиот кризен штаб

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега