Почнува судењето за убиството на матурантот Ангел

Осумнаесетгодишниот Насер Е. обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај годинава, во скопската населба Ѓорче Петров, денес ќе седне на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Скопското јавно обвинителство го гони Насер Е. за кривичните дела – тешка кражба и убиство со умисла: - По извршеното противправно присвојување на велосипедот, се упатил кон пешачкиот мост кој води кон с. Сарај, каде што на патеката на насипот го пречекале таткото на сега покојниот кој го блокирал патот обвинетиот да не побегне кон мостот и сега покојниот кој го блокирал патот во правец спрема течението на реката Вардар. Притоа, обвинетиот извадил нож со едностран сечивен дел и замавнал два пати кон сега покојниот нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош. Обвинетиот потоа бил нападнат од страна на таткото на сега починатиот со дрвен стап и му биле нанесени телесни повреди, по што успеал да избега. Таткото на покојниот и покојниот се упатиле до Европската очна болница да побараат медицинска помош, но како резултат на повредите од убодната рана дошло до брзо и обилно внатрешно и надворешно искрварување и развиток на хеморагичен шок, што довело до смрт кај сега покојниот на скалите пред Болницата, соопштија од Обвинителството при покренување на обвинението, пренесе Акедемик.мк.

Оружјето со кое е сторено убиството полицијата не го пронајде. Според одбраната, станува збор убиство во самоодбрана.

 

-Според исказот на осомничениот, се работело за убиство во самоодбрана. Во исказот пред истражниот судија тој не го негираше убиството, но вели дека ножот не бил негов и дека бил претепан од двајца и дека добил неколку повреди со палка и дека ножот за време на физичката пресметка паднал од раката на Ангел, изјави адвокатот на обвинетиот, Рубин Двојаков, за Академик.

Убиството предизвика насилни протести на дел од жителите на населбата Ѓорче Петров, при што неколку лице беа уапсени, а беа и опожарени неколку угостителски објекти.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега