Крај на маките: Охридско-струшкиот регион доби струја
Снабдувањето со електрична енергија во охридско-струшкиот регион е нормализирана.
Од МЕПСО информираат дека екипите на компанија ги отстранија дефектите, кои најверојатно настанаа како последица на силното снежното невреме.
Дефект имаше на два далноводи на МЕПСО од Ресен кон Охрид и од Вруток кон Шпилје, електричната енергија во целиот град беше во прекин синоќа пет часа, а денеска струја немаше од 7 часот и 30 минути до 9 часот и 20 минути.
Оцени ја веста
29.12.2014 - 10:20
Фото:
охридњуз
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа