Антиќ: Конечно сè си е на свое место

Првиот македонски кошаркар кој заигра на НБА паркетот, Перо Антиќ по редовните натпревари со својот тим „Атланта Хокс“ најде време да ужива со најблиските.

Семејството Антиќ пристигна во САД, прославија осум години од нивниот брак,  а македонскиот центар сподели фотографии на кои заедно со сопругата и децата минува најсреќни моменти.

Антиќ неодамна изјави дека би се вратил да игра во Европа само поради семејството кое му недостасува, а во ексклузивна изјава за Курир вели дека токму неговите два сина Лука и Павел како и сопругата Ружица се неговата магична тројка.

- Конечно сè си е на свое место. Моментално мојата најголема поддршка е со мене. Павел и Лука веќе се поголеми и се редовни и гласни навивачи на НБА натпреварите. Целото слободно време им го посветувам на синовите кои премногу ми недостасуваа. Следат големи празници кои ќе ги поминам заедно со мојата магична тројка, изјави Антиќ за Курир.

3pero.jpg500

 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега