ВИДЕО: Правиме се што е во наша моќ

 

По повод новонастанатата ситуација со обилните паѓања на снег, свикав вонредна седница на Кризниот штаб со која што работиме на разрешување на проблемите на терен, рече премиерот Никола Груевски во вонредната изјава за медиумите.

gru

Груевски нагласи дека постојат проблеми во неколку делови на Македонија, најголеми се во западниот дел на Македонија, особено на патот меѓу Кичево и Охрид, каде што имаше стотина автомобили кои беа завеани.

- Околу педесеттина сега се ослободија,  затоа што во меѓувреме механизацијата успеа да го расчисти снегот до Извор, меѓутоа помеѓу Извор и Пресека се уште има околу 50-тина возила кои што се завеани и не можат да одат ни напред ни назад. На терен работат екипи кои за два ипол до три часа би требало да го расчистат снегот и да ги ослободат тие возила, рече Груевски.

Тој нагласи дека состојбата е во лоша и во делот на Струга и Охрид, каде неколку часа веќе нема електрична енергија.

- Екипите на МЕПСО се на терен, за жал поради големите снежни наноси кои достигнуваат и до еден метар пешки одат за да стигнат до местото каде треба да ги отстранат дефектите. Министерот за здравство ја координира работата со болниците во воие краеви. Доколку снежните врнежи продолжат со ваков интензитет можно е да имаме потреба во текот на оваа вечер да имаме и тревога на АРМ и со армиски возила да се обидеме во текот на ноќта да го ослободиме патот и да можат луѓето кои се завеани да излезат, таму се направи добар прогрес, рече Груевски.

Целосната изјава на премиерот погледнете ја во видеото...

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 00:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега