Бакрачески на чело на конвојот кој тргна да им помогне на завеаните кај Пресека
Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески е на чело на колоната за расчистување на последиците од невремето кое денеска го зафати охридскиот регион и цела Македонија.
Според информациите до кои дојде КУРИР, пробиени се околните села кои беа завеани од снежни навеви во охридско.
Во моментот активираната механизација за расчистување во конвој меѓу кој е и градоначалникот Бакрачески се упатува да помогне во расчистување на патот спрема превојот Пресека и евакуација на лицата кои се наоѓаат во завеаните возила.
Оцени ја веста
29.12.2014 - 00:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа