ФОТО:Камион на „Комуналец“ урна бандера во дворот на Драган Вучиќ
Камион за чистење снег на ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ предмалку удри во дрвена бандера и истата ја урна директно во дворот на познатиот телевизиски водител Драган Вучиќ, објави „Охрид 1“.
Бандерата служела за пренос на кабли од кабелските оператори и телеком па на дел од улицата АСНОМ неможе да се помине заради каблите кои висат ниско над коловозот.
Местото не е обезбедено а постои веројатност друго возило да ги повече каблите, а со тоа да предизвика нови неприлики, урната бандера да ја извлече на патот или да настрада некој минувач.
Оцени ја веста
28.12.2014 - 20:33
Фото:
Охрид 1
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа