Охрид ќе добие ултра модерен спортско рекреативен центар

 Охрид ќе добие ултра модерен спортско рекреативен центар со затворен и отворен базен, игралишта за тенист, кошарка и фудбал, вештачки терени со трева и лизгачки терен за зимските спортови, најави денеска охридскиот градоначалник Никола Бакрачески по посетата на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

Бакрачески најави дека проектот ќе се реализира на почетокот на идната година, за кога е предвидено да почне изградбата на затворениот базен.

По направениот увид за состојбата на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ и состојбата на околните површини, кои се во негова сопственост, Бакрачески забалежа сомнителни продажби на имот сопственост на претпријатието.

- Како градоначалник на Охрид заедно со мојот тим агресивно ќе се залагаме Спортскиот центар да го добие ликот, кој го заслужува и да им служи на граѓаните за спортување. Изминатите години Спортското рекреативниот центар беше изложен на тотална дегредација и постушење. Не сум експрет да судам, но според мене, има неколку сомнителни легализации, продажба и приватизации кои беа во сопственост на Спортско рекреативниот центар. Тоа не можеме да го вратиме назад, но во иднина нема да се работи така со спортското богаство во Охрид. Во иднина ќе никне современ спортско рекреативен центар, изјави Бакрачески.

Бакрачески му го презентираше нацрт планот за изградба на спортски центар на в.д. директорот на Јавното претпријатие, „Билјанини Извори“ Иван Цветкоски, нагласувајќи дека местото ќе им служи на спортистите.

- За жал грешките кои се направени во минатото неможеме да ги поправиме сега. Земјата која е приватна сопственост не може да се врати назад. Се додека сум градоначалник на Охрид земјиштето на ЈП „Билјанини Извори“ нема да биде злоупотребувано за други намени освен спортски. Сите ние мора да го чуваме Спортско рекреативниот центар, бидејќи тој е единствено спортско катче во градот каде еден спортист може да ги најде сите работи кои му се неопходни, нагласи Бакрачески.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега