ВИДЕО: Во Јуве од мали ги учат да тепаат, а во Барса да паѓаат

Дуелот на младинците на Јувентус и Барса кој се одигра викендов, може да се окарактеризира како видно квалитетен со многу фантастични потези и надежни фудбалери. Сепак во сенка на овој меч ќе остане моментот кога по еден брз контранапад, на фудбалерите на „Старата дама“, капитенот на Барселона Рикард Сако го повлече противничкиот напаѓач Бофан, кој ваквиот потег не му го прости. Поточно, револтиран го шутна по ногата, а овој вториот падна како покосен.

Двајцата имаа среќа бидејќи не добија јавна опомена, а се поставува прашањето дали тоа е добар петагошки потег на судијата, бидејќи на овие млади деца не им стави до знаење дека таквите работи во фудбалот се неприфатливи.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега