Интензивни снежни врнежи низ Македонија - еве каде вее снег во моментов

 

- Во повисоките региони од државата се забележани поголеми врнежи од снег, но во овој момент нема застој во сообраќајот ниту отсекување на поедини населби. Во регионот на Дебaр, кон граничната караула Џепчиште на патот има снежна покривка од околу 10 см, а сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, соопшти попладнево Дирекцијата за заштита и спасување.

Во предпладневните часови екипа на Македонија пат се обидела на споменатиот правец да интервенира но поради големиот нагиб на патот не успеала да пријде. Во текот на утрешниот ден се очекува Македонија пат да испрати екипа на посочениот правец и да го олесни сообраќајот, се вели во соопштението од ДЗС

Снежни врнежи има на скоро сите планински места.

 

 

Оцени ја веста

27.12.2014 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега