ВИДЕО: Се нашла на сопствената венчавка, а немала поим за тоа

Кристина била уверена дека му помага на својот пријател фотограф во неговиот проект, а потоа го здогледала нејзиниот татко...

Девојката која била убедена дека облекла венчаница поради фотографирање, набрзо открила дека е всушност облечена за својот голем ден. Имено, Кристина мислела дека оди во локален шопинг центар за да му помогне на својот пријател фотограф во неговиот посебен свадбен проект, а се расплакала кога сфатила дека на локацијата се сите нејзини сакани кои чекаат да го каже судбоносното да, пренесува Daily Mail.

За време на лажното фотографирање се изненадила кога го видела својот татко Мајкл, облечен во смокинг, со цвеќе во рацете.

„Денес се мажиш“, и` рекол, а таа го прегрнала истовремено бришејќи ги солзите. Од другата страна на елката се случувала вистинска збрка, додека поканетите гости и нејзиниот вереник Брајан, инаку мозокот на целата операција, ги заземале своите позиции.

Неколку моменти подоцна следела и венчавката пред очите на воодушевените гости, а видеото кое било снимено со беспилотно летало и ја снимило прекрасната случка е објавено на ЈуТјуб.

Погледнете како изгледало сето тоа.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

27.12.2014 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега