ФОТО: Промовирани новите засилувања во Вардар

Македонскиот најтрофеен тим ги промовираше новите засилувања Дејан Блажевски и Стефан Спировски.

Овие двајца играчи, заедно со Томе Пачовски, како и уште неколку најавени квалитетни фудбалски имиња, треба да го надополнат квалитетниот тим на Вардар кој чекори кон нова титула.

Секако дека „црвено-црните“ и без овие играчи беа фаворити број еден за шампионскиот наслов, но со новите засилувања полека, но сигурно се гради тим за фудбалска Европа.

-Имав понуда од Шкендија, но таа што ја добив од Вардар не се одбиваше. Тој е мој матичен клуб, најголем во државата и јас немав никакви дилеми кога станува збор за изборот. Секој играч посакува да игра во Вардар и јас затоа посакував да се вратам и да заиграм во неговиот дрес, вели Блажевски.

spirovski-500

-Да бидам искрен, конкретна понуда добив само од Вардар, кога станува збор за Македонија, иако прочитав во медиумите информација која вели дека и Пелистер подготвил понуда за мене. Од Битола никој не ме контактираше. Се одлучив за Вардар, не само затоа што единствен беше конкретен во преговори со мене, туку и затоа што за мене лично  е добар чекор напред, вели Спировски.

Репрезентативниот голман Томе Пачовски се договори со Вардар, но неговата официјална промоција се очекува пред стартот на зимските подготовки.

 

 

Оцени ја веста

27.12.2014 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега