Дедо Мраз ќе пристигне со воен хеликоптер во Скопје
- На воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ денеска ќе се одржи предновогодишна манифестација со симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер.
На манифестацијата ќе бидат поделени новогодишни пакетчиња за децата на загинатите припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ, како и за вработените во вбр и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.
Манифестацијата е во организација на припадниците на воздухопловната бригада и Синдикатот на вработените во МО
Оцени ја веста
27.12.2014 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа