Скопјани утрово место кислород дишеа отров

 

Утринава во Скопје во 10 часот е измерено неверојатни 319,69 микрограми на еден кубен метар, што претставува речиси седумпати повеќе од дозволените 50 миктрограми.

Ваквото ниво на загаденост особено во главниот град, е во постојан растечки континуитет. Доколку истиот продолжи ќе биде неизбежно да Градот Скопје почне да ги прска улиците со калциум-магнезиум ацетат. Потоа Јвното сообраќајно претпријатие ќе треба да воведе бесплатен јавен превоз, а Министерството за Внатрешни работи да воведе возење на автомобилите по системот пар-непар.

Особено загадување на воздухот е измерено во скопските населби, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Центар, и на мерната единица Ректорат, како и во Кичево и во Тетово. 

Во Миладиновци, Велес, Кочани и во Кавадарци загадувањето е на високо ниво, а во Битола на средно ниво. Во Центар утрово е забележано и високо ниво на ПМ2,5-честичките. Висока концетрација на канцерогените ПМ10-честички е забележана во континуитет изминатите шест дена.

 

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега