Професорите со поддршка за државниот испит- ќе го верифицира знаењето на студентите

 

Голем дел професори сметаат дека државниот испит е разумно решение и даваат поддршка за негово спроведување.

Професорот од Земјоделскиот факултет Миле Пешевски за Сител вели дека државниот испит ќе го верифицира знаењето на студентите.

-Концептот на државен испит во рамки на виското образование не е лош, треба да се поддржи со оглед на фактот дека во времето на општа глобализација во светот, а и во рамките на светскиот пазар на трудот и во околината конкретно, но и во рамките на стручните лица односно земјоделските инженери на пазарот треба да бидат конкурентни, смета Пешевски.

Тој додава дека државниот испит ќе даде поголема тежина на студентската диплома.

-Врз основа на сертификатот што ќе се добие после државниот испит ќе се верифицира нивното знаење, потенцираше професорот.

Досега поголем број на професори истакнаа дека студентите кои учат и знаат нема потреба да стравуваат од државен испит, потенцирајќи дека реформата во образованието не е против оние кои студираат

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега