Путин: Кој ќе издржи три дена со мојата сопруга заслужува да му подигнат споменик!
Претседателот на Русија Владимир Путин кој обелодени дека се разведува од својата сопруга Људмила Путин со која 30 години беше во брак, сега си ја отвори душата за тоа како му било додека бил во брак.
Во книга на писателката Ирена Пиетч пишува се за бракот на Људмила и Путин. Како што пишува во книгата, во еден разговор со авторката, Људмила изјавила дека Путин е вистински вампир.
Од друга страна, Путин во разговор со истата писателка изјавил дека "Кој ќе успее со неговата сопруга да издржи само три дена, треба да му се подигне споменик".
Воедно, во книгата пишува дека Људмила на една другарка и рекла дека Путин е единстевиот маж кој не пиел и не ја тепал.