Владата подготвувала контрапротести?!?
Дел од опозициските медиуми го достигнаа врвот во своите манипулативни тврдења, со пласирање на информацијата дека денеска пред Владата се спремало контра протест, алудирајќи на реализацијата манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“, која беше најавена неколку дена пред „Студентскиот пленум“ да го најави денешниот протест, пишува Курир.
„Фокус“ и „Бриф“ излегоа со манипулативни пишувања дека наводно власта организирала контра протест на студентите со голед на тоа што одржувала ваков ваков настан на истиот ден на одржувањето на протестот. Сепак, фактите целосно ги разоткриваат „Фокус“, „Бриф“ и останатите соросови портали кои ги извртуваат аргументите при обидот во јавноста да изнесат нарачани текстови.
-Денеска во Владата има отворен ден за граѓаните, кои сакаат да поразговараат со премиерот и министрите, иако студентите уште пред една недела го закажаа својот протест пред зградата на извршната власт, објави „Фокус“ целосно занемарувајќи го фактот дека проектот на Владата беше најавен многу пред “пленумците“ да го најават новиот протест.
Реализацијата на „Црвениот тепих за граѓаните“, со кој Владата одлучи на граѓаните повторно да им овозможи одблиску да се запознаат со работата на институцијата, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев официјално го најави уште на 19-ти декември, истиот ден кога беше и соопштено дека на 21-ви декември ќе се одржи отворена владина седница.
Најавата на „Студентски пленум“ за нов протест пристигна на 23-ти декември, односно четири дена откако Владата најави дека ќе го реалзиира проектот со кој граѓаните кои ќе имаат можност да ја посетат Владата да се запознаат со нејзината работа и две недели откако во дневните весници беше објавен оглас за пријавување на сите оние кои сакаат да се вклучат во проектот.
Ова значи дека опозициските портали целосно ги извртуваат аргументите и го достигнуваат врвот на својата манпулација и директно паѓа во вода нивната теза дека владата има позадински намери со организирање ваков настан на истиот ден на одржувањето на протестот.
Дополнително, манипулациите излегуваат на површина доколку се знае фактот дека на 9-ти декември во весниците „Нова Македонија“, „Дневник“, „Коха“, „Утрински“ и „Вечер“ беше објавен огласот на Владата со кој беше повикано сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во проектот „Отворена Влада“ да се пријават поради големиот интерес.
Опозициските портали на манипулативен начин, контролирани од најголемата опозициска партија, повторно се обидоа да ја извртат вистина и да креираат тензии во пресрет на најавениот протест.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа