Масовниот убиец Брејвик се откажа од наследството на својата мајка
Норвешкиот масовен убиец, Андерс Беринг Брејвик, осуден за терористичкиот атентат и масакрот во Осло и на островот Утоја, се откажал од наследството од мајка му.
Адвокатот на Брејвик, Торд Јордет, вели дека неговиот клиент сакал мајка му да го тестаментира својот имот онака како што самата сакала да постапи.
Но, според Јордет, мотивот исто така би можел да биде и тоа што Берејвик, кој освен на затворска казна е осуден да плати и рекордно високо обесштетување, не сака со евентуално добиено наследство да биде принуден да плати дел од обесштетувањето.
Мајката на Брејвик почина на 22 март, на 66-годишна возраст, по подолго боледување.