СПЦ со ново соопштение: „БЈРМ“ заменето со Р.Македонија

 

Српската православна црква го коригира соопштението за неодамнешната посета на рускиот митрополит Иларион на Скопје во кое Република Македонија беше именувана како „БЈРМ“, пренесува МИА.

spc-500

 

Во новото дополнето соопштение потпишано од портпаролот на СПЦ епископот бачки Иринеј, „БЈРМ“ е заменето со Р.Македонија, но за Македонската православна црква-Охридска архиепископија и натаму се користат термините „самопрогласена и неканонска“. 

СПЦ во соопштението објавено на нејзината интернет страница ја поздравува иницијативата на Руската православна црква искажана при неодамнешната посета на митрополитот Иларион на Македонија за надминување на несогласувањата меѓу Македонската и Српската црква, како и за ослободување на Јован Вранишковски.

Г. Иларион во Скопје се сретна со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по посетата на митропилитот Иларион, соопшти дека ја прифаќа иницијативата на Руската православна црква да даде придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква и побара од македонските власти милост за поранешен митрополит Јован Вранишковски заради, како што беше наведено, повисоки цели.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега