Иван Исцелител им ја предвиде судбината на македонските пејачи- еве што ќе им се случува
Најпознатиот македонски исцелител Иван кој потекнува од Куманово, неодамна даде свои прогнози за она што и како ќе им се случува на одредени македонски музички имиња во новата 2015-та година.
Еве што тој вели за Кајмакоски, Благица Павловска, Елена Ристевска… прочитајте во продолжение.
Иван за Елена Ристевска, вели дека во нејзиниот живот и претстојат две машки и едно женско дете, а за Каролина Гочева исцелителот прогнозира дека следната година на поп пејачката и претстои мажачка со убаво високо момче, а бракот ќе и биде среќен, бериќетен и долговечен.
Иван не ги заборава ниту фолк пејачките, па така истиот за познатата фолк пејачка Благица Павловска прогнозира дека следната 2015-та оваа пејачка често ќе патува надвор од Македонија и дека нејзината судбина е во далечната Австралија, односно, токму во оваа земја Павловска ќе го сретне човекот на нејзиниот живот и заедно ќе живеат долг и среќен живот.
За победникот на првата сезона од најгледаното тв шоу “X Factor Adria”, а истовремено и македонски претставник на Евровизија во Виена следната година Даниел Кајмакоски, исцелителот вели дека ова момче уште кога се родил имал среќна судбина и дека тој освен регионална ѕвезда, Македонија ќе ја прослави и ширум светот.
Колку и дали се точни овие прогнози и предвидувања на познатиот Иван исцелител незнаеме, но следува период кога тоа ќе го видиме на дело.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа