Позната старлета заврши во затвор поради проституција

Старлетата Милица Живановиќ, позната како Мими Оро, е уапсена поради проституција, пишуваат српските медиуми.

Со неа се уапсени уште седум девојки, кои исто така се осомничени за проституција, како и момче за кое се сомнева дека е макро.

-На Милица според решението на судијата за прекршоци веднаш и бил одреден притвор од осум дена и таа е префрлена во КПД во Падинска Скела. Истата казна им е изречена и на останатите девојки“, кажа извор запознаен со акцијата на апсењето.

Старлетата во една ТВ емисија на прашањето „која е најголемата птица“ одговорила „оро“. А зборуваше и за проституција.

„Постои проституција воопшто и на естрадата, меѓу познатите луѓе“,кажа Мими, а потоа навела дека имала „непристојни понуди“. И силиконската кралица Тијана Ѓуричиќ во април била апсена поради проституција.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега