Не ги пуштил на екскурзија па решиле да го уништат - запален автомобилот на директор на скопско училиште

 

Кривични пријави си заработија 18-годишниот Р.Т. и малолетните В.Ј. (16),  С.Ч. (17), Ф.В. (17) и А.Б. (17) поради сомнение дека го запалиле возилото на директорот на средното училиште „Зефљуш Марку“. Четворицата натрапници причиниле штета од околу 390 илјади денари.

ИСтрагата покажала дека на 16. април околу 18 часот, во училишниот двор на „Зефљуш Марку“, малолетниците го скршиле задното десно стакло на автомобилот и во него фрлииле молотов коктел. 

Според информациите на скопската полиција, четворицата скопјани се сретнале во непосредна близина на училиштето, кај старата железничка станица Скопје-Север, ги подготвиле молотовите коктели, и по кусо време се упатиле кон паркингот каде било паркирано возилото. В.Ј. со чеканче за стакло го скршил прозорецот од автомобилот и внатре го го фрлил молотовиот коктел. Малолетниците ги издало токму чеканчето, кое било пронајдено близу опожареното возило со отпечатоци на В.Ј. Полицијата ги разгледала и видео-записите од бензинската пумпа на „АМСМ-Услуги Петрол“ од денот на инцидентот. На снимките се појавува В.Ј. како точи бензин во шише од два литри.

Во разговор за полицијата, малолетниците истакнале дека одлучиле да му се одмаздат на директорот бидејќи одлучил недисциплинираните ученици да не одат на екскурзијата. Полицијата разговарала и со директорот на училиштето М.Р. 

Малолетниците досега не и биле познати на скопската полиција. 

најчитано сега