УМС на ВМРО-ДПМНЕ донираа здрава храна на децата од „Иднина“

Градскиот комитет на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ заедно со општинскиот комитет Чаир го посетија специјалното основно училиште “Иднина” во општина Чаир.

Во пресрет на новогодишните празници, Унијата на млади сили на учениците од ова училиште им донираа овошје и здрава храна со што заедно ја поддржаа кампањата на Владата за здрава исхрана, а воедно и им подарија играчки кои се наменети за нив.

Учениците од училиштето и членовите на Унијата на млади сили имаа предновогодишно дружење, при што од страна на учениците од ова училиште, на членовите од Унијата на млади сили им беа подарени икони од нивна изработка, како и благодарници за досегашната соработка.

-  Ние секогаш сме на страната на хуманоста и човечноста. Специјалното основно училиште “Иднина” е едно од многуте вакви установи кои што наредниов период ќе ги посетиме и ќе оствариме дружење со дечињата и по повод новогодишните и божиќните празници, ќе им подариме пригодни подароци. Со овој гест, покажуваме хуманост и грижа за сите категории на граѓани, рече Лука Кржалоски, претседателот на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 15:48
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега