ТРАГЕДИЈА: Ќерката гледала како нејзиниот татко ја коле мајка и

Вчера во Свилајнац се случила страшна семејна трагедија. 43-годишниот Србислав Тодоровиќ ја заклал својата жена Гордана пред нивната малолетна ќерка, а потоа самиот си го пресекол вратот.

 

Несреќната жена починала на лице место, а Србослав починал на пат кон болницата.

 

 Семејната трагедија се случила околу 14:30 часот на улицата Кнез Милош во центарот на Свилајнац.

- Глетката која ја затекнавме во станот беше страшна. Жената лежеше целата во крв на подот во дневната соба. Мажот на кој вратот му беше пресечен лежеше покрај неа и покажуваше знаци на живот. Имаше повеќе убоди по стомакот и вратот. Злосторството е извршено со кујнски нож, рекол извор од истрагата за српски Курир.

Според изјавите на соседите Србислав и Гордана биле долги години во брак, живееле во куќа во близина на Свилајнац и имале две ќерки.

- Пред три месеци Гордана ја напушти куќата во која живееа и со намера да се разведе дојде во Свилајнац и изнајми стан. Не можела повеќе да го поднесе Србислав бидејќи имал проблеми со алкохолот. Постарата ќерка учи во Крагујевац, а помладата која има само 11 години живееше со Гордана и била присутна за време на убиството, изјавила соседка на Гордана.

 

Таа додала и дека Србислав дошол во станот на Гордана околу 14 часот но дека ништо не укажувало на тоа дека ќе се случи таква трагедија.

- Нивната избезумена ќерка, која гледала што се случува одеднаш врескајќи излета од станот во ходникот. Сирото дете гледало како татко и ја коле мајка и, посочила потресената соседка.

 

Гордана ја познавала три месеци, но истакнала дека била добра, паметна и љубезна жена.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа