Жерновски брка инвеститори од Центар

 

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски јавно им испраќа порака на инвеститорите да не вложуваат капитал во општина Центар, реагираат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие го обвинија Жерновски дека наместо да цели кон тоа да се привлекуваат нови инвеститори во централната општина, тој си дозволува јавно да им посочува на инвеститорите да не вложуваат во Центар.

Советникот Томислав Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека има намалување на приливот на средства од 60 милиони денари по основ на комуналии.

-Ако не се гради немаме ни данок на промет ни данок на имот. Вашиот основ  дека Центар е загушен и нема да се гради, е несоодветен. Треба нешто да се направи, да се убрзаат процесите за измени на ДУП-от. Потребите на граѓаните и инвеститорите се менуваат и неможеме да очекуваме големи инвестиции со стари ДУПови. Апелирам да се стави акцент на оваа проблематика. Во разговори со многу инвеститори дознавме дека се соочуваат со многу проблеми. Како општина треба да направиме многу повеќе работи, нека се направи се за сите проблеми и пречки зошто буџетот не се полни како некогаш. Точно е дека се градеше многу, но има простор потенцијален за инвестирање. Ако буџетот се полни доволно имаме многу проекти, рече Лазаров.

  Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Трпески, побара објаснување од Жерновски за неговите јавно дадени изјави во кои ги одвраќа инвеститорите заинтересирани за влез во општина Центар.

-Имаме многу забелешки. Градоначалнику, рековте дека просторот се заситува. Бевте низ медиумите и директно им испративте на инвеститорите јавна порака  да не инвестираат во Центар. Тоа како концепт е многу лошо. Тоа е негативен концепт и на долги патеки дава негативни резултати, рече тој.

Трпески посочи и дека вака инвеститорите имаат несигурност кон првиот човек на општината.

Градоначалникот рече дека тој и натаму нема да дозволи да се гради на Водно и дека ќе биде против проекти од типот на шпанските скали.

Курир

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа