Ѓорѓиевски: Државниот испит ќе помогне за продуцирање квалитетни кадри

 

На бизнис заедницата и е неопходен високостручен кадар кој веднаш ќе може да се вклучи во пороизводствениот процес затоа е добредојдена секоја реформа на високото образование која оди во таа насока, смета управителот на компанијата „Специјал“, Горан Ѓорѓиевски. 

- За реалниот секотор од голема корист е секој завршен студент да се стекне со одлични теоретски и практични знаења за време на студирањето и индустријата веднаш да може да го употреби. Секое надградување на знаењето, било теоретско или практично, е позитивно за нас и затоа  одлуката за воведување државен испит преку кој ќе се контролира стекнатото знаење за време на образованието е исправна, изјави Ѓорѓиевски денеска на средба со новинари.

Тој посочи дека за индустријата е особено значајно да постои синергија меѓу практичниот и теорискиот дел како знаење што студентите го добиваат во процесот на студирање.

- Реално се случува во компаниите да се вработат високостручни кадри на кои им е неопходна дообука од шест до девет месеци за да се вклучат во процесот на производство и своите теоретски знаења да ги спојат со практичниот сегмент за да одговорат на работните обврски. Сметам дека  уште во текот на студирањето треба да се овозможи да има практичен дел преку кој студентот ќе присуствува во некои компании за по релативно кратко време по завршувањето на студирањето да може да влезе во процесот на производство, рече Ѓорѓиевски.

Според него, студентите и  сега поседуваат знаење, но доколку тоа не се канализира преку практичниот дел не се добива квалитетен кадар, бидејќи тој ќе треба да се дообучува што претставува финасиски товар за правното лице.

- Многу поумешно и подобро би било доколку сето тоа се заврши во процесот на студирање. Добро би било во текот на студирањето теоретскиот дел да биде 50 до 60 отсто, а остатокот да биде практичен дел, како што е во виокоразвиените европски земји, потенцира Ѓорѓиевски. 

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега