Цветков: Досега откупени 3,3 милиони килограми тутун

Кон крајот на идниот месец ќе се знае колку тутун е вишок и како тие количини ќе се откупуваат, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, одговорајќи на пратенички прашања.

Цветков информира дека заклучно со вчера се откупени 3,3 милиони килограми тутун, а просечната цена е околу 121 денар. 

- Преземени се сите мерки за успешно одвивање на откуот, сите инспектори се на терен, а тука се и комисиите да помогнат во случај на какво било недоразбирање при проценката на квалитетот. Засега работите се одвиваат на задоволително ниво, истакна министерот.

Како што додаде, девет откупни претпријатија вршат откуп, а две се уште не почнале бидејќи, согласно Законот за тутун, не обезбедиле финансиски средства за договорените количини по просечна цена од минатата година.

- Овие две фирми се мали. Утрово имав средба со претставници на една од нив. Договориле да откупат околу 350 - 360 тони. Половна од парите имаат обезбедено. Очекуваат во најскоро време да ги обезбедат потребните средства во целост и да почнат со откуп на тутунот, рече Цветков. 

Со откупните претпријатија е договорено засега да се откупуваат количините согласно договорот и во исто време да се пријави вишокот тутун. 

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега