Пратеникот Ѓорѓиевски постави пратенички прашања од интерес на кумановчани

Во рамките на денешната седница во Собранието на Република Македонија предвидена за поставување на пратенички прашања пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски, постави три пратенички прашања до Министерството за транспорт и врски кои ги засегаат и се од интерес на жителите на општина Куманово и околните населени места.

Првото пратеничко прашање се однесуваше на изградбата на локалниот пат од Агино село до Романовце во должина од 3 километри. Станува збор за Агино село кое има околу 1200 жители кои се соочуваат со проблеми при патување односно недостиг на алтернативен пат до Романовце или пак до Дељадровце во општина Илинден.

Во однос на првото прашање, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, потенцираше дека изградбата на локални патишта е во директна надлежност на локалната самоуправа, во случајов Општина Куманово. Имено, министерот ја искористи можноста уште еднаш да апелира до локалната власт во Куманово да вложат напори и да издвои средства да се изгради овој локален пат, со цел граѓаните на овој регион полесно да се движат и да имаат полесна комуникација со Градот Куманово.

Второто прашање беше во врска со изградбата на пругата кон Бугарија поради обемноста на проектот за изградба на оваа пруга и поклопувањето на фазите на изградба на истата, дали постои можност да бидат ангажирани дополнителни лица од општина Куманово и околните населени места за реализација на овој голем проект.

Министерот Јанакиески во врска со ова прашање потенцираше дека со изградбата на оваа пруга, особено во периодот кога зафатите од првата и втората фаза ке се поклопуваат, се очекува бројот на ангажирани лица драстично да се зголеми, со што голем број на луѓе кои се доаѓаат од Куманово и околните населени места и општини ќе најдат работно место токму на овој проект.

Поставеното трето прашање од страна на пратеникот Ѓорѓиевски беше во врска со изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Палана кој е дел од Коридор 8. Токму една од најболните работи за граѓаните на Општина Куманово е клучката од Коридорот 8 кон градот Куманово. Оваа клучка претставува опасен дел поради тоа што во моментов нема осветлување, и недостига светлосна сигнализација. Оваа клучка во лоши временски услови претставува голем проблем за кумановчани, а особено за останатите граѓани кои го користат овој дел од Коридорот 8.      

 

Во врска со осветлување на клучката кој е дел од Коридор 8, министерот Јанакиески истакна дека е дел од програмата за 2015 година на Јавното претпријатие за државни патишта. Имено, оваа клучка ќе се финансира од заштедите кои ги направивме во делот за изградба на локални и регионални правци, така што, тој потенцираше дека се очекува во втората половина од 2015 година да се започне со реализација на овој значаен проект.  

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега