Лашкоска постави прашања за новата инвестиција во Прилеп, реконструкцијата на болницата и откупот на тутунот

Седницата посветена поставување на пратенички прашања која се одржува денес започна со читање на одговорите кои преку писмен пат ги добиле пратениците за своите пратенички прашања поставени до министерствата и институциите.

Пратениците денес како и на секоја седница посветена на пратенички прашања ја искористија можноста за директно да постават прашања кои се произлезени од нивните средби со граѓаните низ целата Македонија.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска во своето излагање постави три пратенички прашања. Таа праша за новонајавената странска инвестиција во ТИРЗ Прилеп на компанијата Гентерм. Лашкоска го праша претседателот на Владата Никола Груевски, кога се планира да започне изградбата на инфраструктурата на зоната и фабриката и со која динамика би се одвивала.

Груевски на ова прашање потенцираше дека компанијата Гентерм како што има најавено планира да започне со изградба во средината на месец март и до крајот на октомври фабриката да биде завршена. Исто така паралелно со фабриката ќе се доградува и зоната која што веќе е во процес на изградба. Фабриката Гентерм планира да вработи 2000 луѓе од кои 1000 во првите две години.

Лашкоска исто така се заблагодари на Министерството за здравство за одлуката да се набави мамограф во Прилепската болница и постави прашање кое што се однесуваше на најавената реконструкција на болницата. Заменик мистерот за здравство во својот одговор кажа дека веќе е направена обиколка со стручен тим од архитекти за да се изврши потребната реконструкција. Конкретно за Прилепската болница како што нагласи Заменик министерот се планира комплетна реконструкција на операционите сали, на сите тоалети и подот во целата болница. Реконструкцијата на болницата би изнесувала околу 40 милиони денари и се планира да заврши до крајот на септември 2016 година.

 

Третото свое прашање пратеничката Ане Лашкоска го постави до Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, а се однесуваше за жалбите кои пристигнуваат од страна на тутунарите за склучувањето на договори за откуп на тутунот со тутунските претпријатија. Министерот во својот одговор информираше дека според последните информации досега откупени се 3 милиони и 300 килограми тутун во просечна цена од околу 121 денар. Министерот нагласи дека преку инспекторите се превземени сите мерки за успешно спроведување на отукот така да се очекува проблемите да бидат евидентирани и решавани од страна на инспекциските служби кои што се задолжени за тоа. Од девет откупни претпријатија две сеуште немаат започнато со откуп на тутун и се очекува во најскоро време и овие претпријатија ќе отпочнат со откупот. Министерот исто така кажа дека во соработка со тутунските претпријатија било договорено да најпрво да се врши откуп на количините кои се договорени во склучените на договорот, а додека за вишокот на тутун ќе се разговара по завршувањето на откупот на договорените количини.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега