Месецов инвестициски бум во општина Петровец

За само еден месец влез на десетина инвеститори на територијата на Општина Петровец во мултифункционалната зона Ќојлија, Долно Коњари и Ржаничино.

Бројни домашни и странски компании купија земја за различни намени, од хотели до лесна индустрија, прехрана, логистика.Тука спаѓаат следниве десетина фирми кои инвестираа во овие зони со купување на земјиште и тоа ЕУРО ПРОГРЕС (13.343 м2),  АКВА ВИТ-Куманово (70.661 м2),   ДИЕМ ГП-Гевгелија (6.893 м2),  СУБСТРАТ ХОЛАНД (4.611 м2), ДЕЛФИНА-РЕНТА КАР (2.709 м2),  КЕНТАУР – ИМПЕКС (12.654 м2) , ДЕНИ ШПЕД (18.977 м2) и  ИКК-МАК ДООЕЛ (1.711 м2).

Индустриската зона Ќојлија која се протега спроти скопскиот аеродром ,,Александар Велики,, по површина е најголема во земјава.

Индустриската мултифункционална зона Ќојлија се прогега на површина од 195 хектари, а наскоро се планира да се прошири на уште 28 хектари. Се очекува за 3-4 години години ова да биде огромна индустриска зона во која илјадници луѓе ќе го најдат своето работно место.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега