Поставува услови: Неда Украден си замислува дека е Мадона

Неда Украден толку се соживеа со ликовите кои ги имитираше во шоуто „Твоето лице звучи познато“, па и понатаму си замислува дека е Мадона, иако одамна го соблече костимот. Шегата на страна, пејачката се појави на снимањето на новогодишната програма на ТВ Пинк, каде што од организаторите бараше посебен апартман за неа и нејзините соработници.

- Неда на снимањето на новогодишната програма дојде со фризери и шминкери. Кога виде дека просторијата за пресоблекување ќе ја дели со останатите пејачки, Неда полуде. Тргна да им се јавува на организаторите и да бара посебен просто само за неа. Не сакаше дури ни да влезе во просторијата за пресоблекување додека организаторите не и обезбедија специјална просторија. Тоа беше апсолутно невозможно бидејќи на снимањето беше дојдена цела естрада. Иако луѓето во организацијата се професионалци, не го разбраа однесувањето на Неда. И кажа на организаторката дека не и паѓа на ум да се пресоблекува таму каде што се пресоблекуваат останатите пејачки и дека таа е голема ѕвезда, па и треба специјален третман – рече извор од местото на настанот.

Изгледа дека Неда потполно влезе во ликот на Мадона, па на организаторите им даде рајдер листа на која наместо вообичаеното овошје и вода се најде, верувале или не пегла, но и конец за шиење. Дури откако го доби сето тоа, Неда се симна на снимањето кое беше во поодмината фаза, и во стилот на голема ѕвезда се смести во првиот ред за камерата да ја сними цела.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега