ФОТО: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ подели пакетчиња на децата со оштетен вид од „Димитар Влахов“

Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска го посети државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

На дечињата им беа поделени новогодишни пакетчиња, а за возврат тие отсвиреа музички нумери, рецитираа песнички и одиграа кратка претстава.

-Унијата на жени традиционално во пресрет на новогодинешните и божиќните празници организира  вакви хуманитарни настани. Истите ги организираме на ниво на цела Македонија и гледаме да ги опфатиме сите оние дечиња на кои им е потребна нашата помош, изјави Даниела Рангелова, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Унијата не жени, традиционално секоја година спроведува вакви акции и донира во домови на деца без родители, домови за деца со посебни потреби како и на семејства од социјално ранлива категорија.

 

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 13:10
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега