Божикна честитка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до католичките верници

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рождество Христово- Божик.

- На сите граѓаните од католичка вероисповед, им посакуваме да имаат среќни и пријатни мигови со своите најблиски, бериќет и благосостојба.

На овој голем семеен католички празник се празнува раѓањето на Исус Христос,  но и универзалните вредностите кои сите нас не врзуваат, соживотот, толеранцијата, милосрдието и заемното разбирање. Посакуваме овој празник биде поттик секој од нас да верува, да работи и да ја гради подобрата иднина за себе, за своите најблиски, за своите сограѓани, се наведува во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега