Без документи си живееле и работеле во Македонија - МВР уапси деветмина Албанци
Утрово, во објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полицијата затекнала 11 албански државјани на возраст од 23 до 51 година, од градовите Либражд и Поградец.
Според информациите од МВР, девет од лицата немале регулиран престој и непријавено престојувале и работеле во Тетово. Единаесеттемина Албанци се приведени во тетовската полициска станица. Од МВР информираат дека се превземаат мерки за расветлување на сите детали од престојот на Албанците во Тетово.