г. Петар ја препишува историјата за дискредитација на г. Тимотеј
Обид за манипулација со замена на тези направи преспанско пелагонискиот митрополит г. Петар во последното интервју за телевизијата 24 Вести, во кое го напдана Владиката г. Тимотеј тврдејќи дека е за расчинување. Владиката г.Петар во обид да ја оправда неканонската одлука за екскомуникација на Игор Аврамовски Александров тврдеше дека Владиката г. Тимотеј не е администратор на дел од Црковните општини во Австралија. Г. Петар, иако во Декември 2012 година самиот бараше поделба на епархијата во Австралија на два дела, сега тврдеше дека на австралискиот континент нема две епаехии и дека тој е единствениот надлежен администратор. Тезата ја бранеше со ставот дека Црковно-народниот собор е тој кој одлучува за поделба на епархиите и дека биле невалидни одлуките за назначување на г. Тимотеј за администратор.
Ваквите ставови на Владиката г. Петар искажани во интервјуто за Телевизијата 24 Вести, според високи црковни извори, не се ништо друго, туку обид за манипулација и замена на тези. Тие велата дека Г. Петар многу добро знае дека назначувањето на г. Тимотеј за администратор на дел од црковните општини во Австралија е направено на синодска седница на 27 декември 2012 година, на која и самиот Митрополит г. Петар присуствувал и гласал за таквата одлука, а врз основа на поделбата на Австралиско-новозеландската епархија како предлог токму на г. Петар. Истата одлука за назначување на г. Тимотеј за администратор во Австралија е потврдена и од Архиепископот г.г. Стефан на 7. Февруари 2013 година. Но во интервјуто, Г. Петар тврдеше дека одлуката за назначување на г.Тимотеј за администратор била донесена во негово отсуство.
Обидот, пак, сега да ја оспорува поделбата на епархијата со тоа дека Црковно-народниот собор носи одлука за формирање на епархија е само обид за манипулирање и извртување на тезите. Црковно-народниот собор има само формален карактер на потврдување на одлуките на Синодот на МПЦ. Одлуката за поделба на епархијата е од декември 2012 година, а последниот Архиепископски црковно-народен собор е одржан во октомври 2012 година.
-По логиката на Г. Петар невалидни митрополити се веројатно и г. Јосиф како владика на Тетовско-гостиварската Епархија и Г. Јосиф како Архиереј на Кумановско-осоговската епархија, бидејќи одлуката за поделба на поранешната полошко-кумановска епархија на два дела: тетовско-гостиварска и кумановско-осоговска, исто така не е донесена на Црковно-народен собор. Таа поделба Синодот ја направи во јули 2013 година и за нејзе исто така гласаше г. Петар. Ако смета дека г. Тимотеј не е администратор во Австралија, тогаш нека каже дали легитимни митрополити се двајцата со кои ќе патува сега во јануари во Австралија, велат високи црковни извори.
Во истото интервју, г. Петар тврдеше дека имал и легитимно право да го екскомуницира Игор Аврамовски Александров, влечејќи го тоа право токму од моментот дека во Австралија г. Тимотеј не е администратор. Но фактите покажуваат дека постапката за екскомуникација на Александров е почната во период кога тој не е под надлежност на г. Петар, туку под ингеренции на г.Тимотеј. Одлуката за екскомуникација на Александров е дирекнто мешање во ингенциите на друг владика, нешто што каконски е недозволиво и казниво. Инаку, за да добие одобрување на својата Епархиска Одлука од страна на Архиепископскиот Црковен Суд, г. Петар на Архиепископот му тврдел дека неговата надлежност да му суди на Александров произлегува од тоа што Александров наводно е член на Црковната Општина МПЦО Св. Петка од Рокдејл, која Синодот ја остави под надлежност на г. Петар при поделбата на Австралиската Епархија во Декември 2012. Архиепископскиот Црковен Суд ја одобрил невалидната одлука на таа лажна основа. Но, откако Александров обелодени дека не само што не е актуелен член на регистрираната асоцијација по име МПЦО Св. Петка, со која г. Петар 17 години води граѓански судски спорови за одземање на нејзините имоти, туку и дека во последната, загубена тужба против МПЦО Св. Петка, самиот Петар тврдел дека Александров не е валиден член на МПЦО Св. Петка според Епархискиот Статут, Владиката Петар преку ноќ смислува нова основа за надлежност врз Александров, велат црковни извори, потенцирајќи дека таа нова лажна основа е дека г. Петар е надлежен на сите црковни општини во Австралија, а г. Тимотеј на ниедна.
Инаку, Александров е Генерален Раководител на Македонската православна заедница од Австралија, со седиште во Сиднеј, под која спаѓаат храмовите Св. Кирил и Методи во Розбери и Св. Никола во Кабрамата. Двата храма се ставени под администрација на Митрополитот Тимотеј, со Синодските одлуки од Декември 2012 и Февруари 2013. Александров е и делегиран преставник на сите други општини што влегоа под надлежност на Тимотеј. Тој ја предводеше делегацијата што преговараше со Синодската Комисија на 5ти и 6ти Декември 2012 и е потписник на договорот за влекување на застапените црковни општини под директна Синодска надлежност, врз основа на кој Синодот го назначи г. Тимотеј за нов Администратор.
Но, она што исто така е интересно е што впрочем и самиот Митрополит г. Петар уште во декември 2012 година, по назначувањето на г. Тимотеј за администратор на Австралија, изјави дека нема намера да се меша во работата на г. Тимотеј. За медиумите тогаш тој изјави дека за него се важни само црковните општини кои се дел од неговата јуриздикција.
-Немам потреба да водам војна со никого. Кај мене е чиста ситуацијата. Надлежен сум на 11 парохиски цркви и три манастири. Работам непречено по сите црковни закони и така ќе продолжам. Немам недоразбирање, ниту со свештенството, ниту со тамошните верници, изјави на 28 декември 2012 г. Петар ден по седницата на САС на МПЦ на која беше назначен г. Тимотеј за втор администратор.
Во мај, по Велигден 2013 година, г. Петар исто така тврди дека нема намера да се меша во работата на г. Тимотеј и дека не сака да разговара за црковните општини што не се под негова надлежност. На прашањето од интервјуто во Прес 24, дали се решени проблемите во Австралија, г. Петар одговара:
- За црковните општини, кои се под САС на МПЦ, на кои им е координатор или администратор, сеедно, Митрополитот Тимотеј, прашајте го него или Синодот, односно, Поглаварот на МПЦ, до каде се работите таму. Не прашувајте ме повеќе мене за Австралиските состојби и проблеми во тие црковни општини. Не сакам и во иднина да бидам дежурен виновник во Австралија, а понатаму, обраќајте се кај оние, што нив досега ги подржуваа и заштитуваа, и што им велеа не им требале црквите, туку народот - верниците, само не знам кои и какви цркви и верници?, изјавил за Прес 24 на 4 мај 2013 г. Петар.
Г. ПЕТАР: ТИМОТЕЈ Е ЗА РАСЧИНУВАЊЕ
„Имам право да побарам расчинување на владиката Тимотеј. Тоа го овозможува членот, односно шестаесетото правило на деветиот помесен собор, кое вели: Ако еден архиереј не ја посети својата епархија или црковните општини кои нему му се дадени да ги координира, треба да му биде одземана епархија,а тој расчинет од владичкиот чин.“
Со овие зборови, и со жесток речник владиката г. Петар во завчерашното интервју за телевизијата 24 вести го нападна Митрополитот г. Тимотеј заканувајќи му се дека ќе покрене каконска постапка за негово расчинување, доколку породолжи да го поддржува Игор Аврамовски Александров, претседателот на Здружението на македонски заедници од Австралија и Генерален Раководител на Македонската православна заедница од Австралија, со седижте во Сиднеј, за кој г. Петар донел одлука за екскомуницирање.
Владиката Петар не ги бираше зборовите за да го омаловажи и нападне владиката г. Тимотеј, тврдејќи дека тој не е никаков админстратор во Австралија.
- Погрешна е одлуката донесена на Синодот во мое отсуство, за г. Тимотеј да биде администратор. Членот 24 од Уставот на нашата црква вели дека се поставува администратор кога постои епархија. Епархија ја формира црковно-народен собор. Значи таму нема епархија, ниту црковни општини. И нека се не се занесува Дедето Тимотеј, ако не знае нека праша и нека не дава паушални изјави. Тој нема епархија во Австралија. Јас сум член на Синодот, а таа е во надлежност на Светиот синод, а јас сум дел од тоа. Во Синодот сме 12 архиереи, што значи дека имам еден дванаесетти дел учество во тоа, изјави владиката г. Петар.
Според него дополнителна причина за постапка за расчинување на г. Тимотеј било и тоа што тој кажал дека не ја почитува одлуката на Архиепископскиот црковен суд за екскомуникација на Игор Александров.
- Цитирам правила од светите канони и од Уставот на МПЦ. Му следува казна на оној што не ги направил тие работи. Митрополитот Тимотеј, кој своевремено бил примерен во однесувањето, но сега со вакви изјави покажува дека самиот свесно го урива устројството на МПЦ. Ако така настапиме насекаде, тогаш нема да има МПЦ, вели г. Петар, иако тој е едниствениот Архиереј кој во 1999 година, заедно со сега расчинетиот владика Јован, одби да ја потпише одлуката за избор на Архиепископот. Г.г Стефан и на тој начин не ја испочитува одлуката на највисокото црковно тело на МПЦ-ОА, црковно народниот собор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа