Лустрирани тројца поранешни носители на јавни функции

 

Како што изјави за МИА портпаролот на Комисијата Предраг Димитрoвски, едното лице било републички делегат во Собранието и тоа се јавува како извор и како наредбодател, значи соработник и наредбодател. Бил вработен во МВР и стигнал до заменик-началник на еден од секторите во МВР. Тој кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години врбувал и следел, меѓу другото, македонски средношколци во оперативна акција насловена „Младинци“, а во седумдесеттите години истите активности ги спроведувал и кај албански студенти кои биле на студии во Скопје.

Документите потврдуваат, посочи портпаролот, дека со своите активности ги прекршувал основните човекови права и слободи од идеолошко-политички причини.

Второто лице, кое е исто така соработник и наредбодател, било вработено во МВР во повеќе градови низ Македонија и ги прекршувал човековите права и слободи, исто така од идеолошко-политички причини до почетокот на осумдесеттите години кога се префрлил во Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста, каде станува директор и декан на Факултетот за безбедност.

Лицето, пак, што е само соработник се јавува во улога на оперативна врска кон крајот на седумдесеттите години и делувал кај лица осомничени за албански национализам и шовинизам, како и кај албанската емиграција во странство. Бил републички делегат во општествено-политичкиот собор, а извесен период и потпретседател на кичевското собрание.

 

најчитано сега