Полицијата со нови казни: Ако возите насилнички ќе останете без дозволата

Непримерното или агресивно возење како поим во сообраќајот се уште не е законски дефинирано во Законот за безбедноста во патниот сообраќај за да биде санкционирано. За да се работи за насилничко возење, мора да постои еден од наведените прекршоци, мора да настапи конкретна опасност за животот или телото на луѓето, односно мора да постои директна намера.

Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБПС), докажувањето, кое е покарактеристично за младите, и непознавањето на сообраќајните правила се најчестите причини зошто тие се меѓу црната статистика и, според казните, но и според несреќите во сообраќајот. Од таму велат дека агресивното возење, претекнувањето, свирењето и непочитувањето на другите учесници во сообраќајот е причината за честите сообраќајни несреќи.

 - Kај нас, ниту во новиот предлог-закон не е дефинирано агресивното возење како прекршок за разлика од законодавствата во другите земји - велат од РСБПС.

За поранешниот советник за сообраќај во МВР, Kузман Дамчевски, недозволиво е овие возачи с` уште да поминуваат неказнето.

- Kако поранешен виш полициски советник за сообраќајни работи во Секторот за сообраќај во МВР, голем поборник сум за воведување таканаречени „драконски казни“ за пребрзото возење, управување моторно возило без возачка дозвола, управување на возило под дејство на алкохол и опојни дроги, минување на црвено светло на семафор, престигнување на полна линија, непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, како и незапирање возило на даден знак од полициски службеник. Во вакви случаи, сообраќајната полиција треба да казнува веднаш и, како што би рекол народот, „без пардон“. За другите сообраќајни прекршоци потребна е превентивна и поблага казнена политика, бидејќи луѓето никаде не прават толку многу прекршоци како во сообраќајот - вели Дамчевски.

 

Тој додава дека му е нејасно зошто креаторите на новиот предлог-закон за Законот за безбедноста во сообраќајот

Целата анализа прочитајте ја во Дневник

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега