Прва мобилна апликација за повикување такси во Македонија

Промовирана е првата мобилна бесплатна апликација за повикување такси во Македонија. Апликацијата „Claxi“ е достапна за сите андроид корисници, а според најавите наскоро и за корисниците на IOS. Бета верзијата стартуваше во Скопје и Куманово. 

Claxi, според соопштението од агенцијата задолжена за промоција, овозможува со едноставен клик, да одберете такси според цената која ви е понудена од страна на самиот таксист, освоениот рејтинг на таксистот кај претходните корисници или избор според времето на чекање на таксистот.  

- Таксистите ќе имаат можност за повеќе повици, директна комуникација со патниците, полесно лоцирање на истите, намалување на празните километри и можност самите да си ја одредат цената и попустот, како и да приложат дополнителни информации за моделот на возилото(слика), бројот на возилото и регистарските таблички, бојата, дали возилото е климатизирано или не, информации за возачот (слика), име и презиме на возачот, име на компанијата и време на чекање, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега