„Поголеми права за Македонците во Албанија“ - повик преку албанската национална телевизија

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, повторно се претстави на албанската национална телевизија. Како претставник на партијата се појави Валентина Нестор, која е носител на листата за регионот и координатор на жените на МАЕИ. Македонската алијанса се залага за поголеми права на Македонците кои живеат во Албанија.

Во продолжение Пресс24 интегрално ви го пренесува обраќањето на Нестор на националната телевизија.

Почитувани Македонци и Македонки,

Драги мои сонародници, 

На престојните парламентарни избори, на 23 јуни, сите Македонци, без разлика од вашето потекло, без разлика од вашиот социјален и општествен статус, мора да ги заборавите поранешните политички гледишта и да гласате за Македонска алијанса за европска интеграција.Досега, од самите политички услови, немавте можност да гласате за македонски политички субјект, и поради тоа, честопати албанската политика успевала да ве подели на леви и десни, а Вие меѓу вас да се чувствувате како противници. 

Драги браќа и сестри,

отсекогаш сме се идентификувале како нашенци,  е тој назив што не прави посебни од заедницата во којашто живееме и како такви, барем во овие моменти, мора да бидеме обединети и да гласаме како Македонци.

Македонска алијанса се залага за унапредување на правата на сите Македонци во Албанија. А тоа може да се постигне, само со поддржување на нашата партија, што и ние да бидеме застапени во албанското собрание. 

Тоа ќе го постигнеме, ако вашиот глас не го пропуштате  давајќи го на другите партии, но го дадете за вашите претставници, Македонци, кои живеат со вас и вашите секојдневни проблеми и се залагаат за вашите права, како:

-Признавање со статус на “македонско национално малцинсто“ на Македонците во Голобрдо и Гора, како и нивното право за изучување на мајчиниот јазик. 

-Право за информирање на македонски јазик во албанската државна телевизија.

-Македонска алијанса за европска интеграција се залага за правото за вработување на Македонците во јавната администрација, судството и другите државни институции. 

-Ние се залагаме за профункционирање на училиштето во село Врбник, што и тие деца да имаат право да го изучуваат мајчиниот јазик во своето родно место.

-За економски развој, со подобрување на инфраструктурата, канализации и водовод во областите  на Мала Преспа и Врбник. 

-Ние ја подржуваме европската интеграција на Република Албанија, каде што припаѓаме и ние како албански државјани. Но, пред се,  мора самите да бидеме интегрирани во албанското општество, не како граѓани од втор ред, но како лојални граѓани.

-Заштитата на македонскиот јазик, култура и обичаи е заштита на нашиот идентитет, е чување на нашето достоинство. Тоа е граѓанска и морална одговорност за секој Македонец. Тоа е наша одговорност кон  идните генерации. 

-Верувам дека е време кога секој кој се чувствува Македонец и има македонска крв, без разлика од претходните политички гледишта, да задржи патриотски и цивилизиран став и својот глас да го даде за македонска алијанса, за својата партија.

-Само така ние може да ги унапредуваме нашите права за вработување, школување и информирање на мајчин јазик. 

Уште еднаш сакам да упатам повик до сите Македонци, време е да рефлектирате.

Не стојте под сенката на социјалистите и демократите, но гласајте за својата партија.

Гласајте за Македонска алијанса за европска интеграција, 

Гласајте за вашиот идентитет,

Гласајте за вашата иднина! 

Гласајте за бројот 63”. - истакна Валентина Нестор на државната албанска телевизја.

Партијата прв пат се претстави на албанската телевизија на 1. јуни годинава, кога програмата на МАЕИ ја престави кординаторот на младите на МАЕИ Валбона Сербин.

ФОТО: Курир

најчитано сега