Медведев: Државата е соочена со ризик од длабока рецесија
Рускиот премиер Дмитриј Медведев предупреди денеска дека државата е соочена со ризик од длабока рецесија, ако владата се откаже од плановите за расходи. Медведев зборуваше на седница на партијата Единствена Русија каде нагласи дека владата нема да ги заборави стратешките цели и социјалните расходи бидејќи во спротивно Русија би можела да влезе во „длабока рецесија“.
- Постои опасност за економијата на Русија да влезе во период на длабока рецесија, изјави рускиот премиер.
Тој додаде дека голем број држави се обидуваат да ја задушат економијата на Русија и поради тоа сегашната ситуација се разликува од кризата во 2008 година.
Медведев тврди дека Владата ја контролира економската ситуација во моментот и оти зголемената каматна стапка на Централната банка е времена мерка што ќе биде укината кога ќе се создадат услови за тоа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа