Излегол бесен од своето „Ауди“ и избодел тетовчанец

51 годишниот тетовчанец Ф.А. вчера наутро бил наппаднат на паркингот пред Автобуската станица во Тетово.

Според МВР, додека тетовчанецот се паркирал со неговото возило, му се приближил автомобил „Ауди“ управуван од А.И.(46) од село Ларце. А.И. почнал расправија со тетовчанецот, која наскоро прераснала во физичка пресметка. Насилникот извадил нож и го повредил Ф.А. во пределот на левата надлактица. На тетовчнецот му е укажана лекарска помош во тетовскиот Клиничкки центар.

Полицијата работи на расчиствање на случајот.

 

најчитано сега