Штрајкуваат двата најголеми грчки синдикати поради затворањето на ЕРТ

Двата најголеми синдиката во Грција - на вработените во приватниот и во државниот сектор повикаа утре на 24-часовен генерален штрајк против затворањето на државната радио и телевизија ЕРТ.

– Ги покануваме сите на митинг пред зградата на радиото и телевизијата, бидејќи борбата против отпуштањето од работа и невработеноста треба да биде заедничка, се вели во пораката на вработените во ЕРТ на Фејсбук.

Унијата на новинари од Атина соопшти дека „по непријателското и варварско вмешување на трипартиската Влада да ја затвори ЕРТ, новинарските сојузи одлучиле да почнат со непрекинати акции со штрајк во сите приватни радио-телевизиски канали“.

ФОТО: А1.он

 

најчитано сега