Турската опозиција: Ердоган е „главен провокатор“ за протестите

 

Лидерите на опозициските Народнорепубликанска партија и на Партијата за националистичко дејствување го оценија турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган како „главен провокатор“ за протестите во паркот Гези во Истанбул.

- Која е користа да се разединува земјата? Вие ги провоцирате луѓето. Вие сте провокатор број еден, изјави лидерот на НРП Кемал Калачдароглу пред парламентарната група на партијата.

Лидерот на ПНД Девлет Бахчели го повика вчера Ердоган „да не го поларизира повеќе општеството со својата реторика“.

- Се чудам уште колку премиерот ќе провоцира непријателски дејствија и уште колку ќе го поларизира општеството, истакна Бахчели пред парламентарната група на НРП, нагласувајќи дека според него „Ердоган дејствува како најголемиот провокатор на сите времиња“.

најчитано сега