Ѓорчев проговори за семејната трагедија: По нивната смрт, јас повеќе не сум истиот човек!

 

Ѓоко Ѓорчев по цели две години пауза повторно се враќа на музичката сцена со нов албум. Причина за неговата апстиненција од кариерата беше прераната смрт на брат му Влатко и братучед му, актерот Бранко Ѓорчев, па токму поради тоа новиот материјал пејачот им го посветува ним, пишува Вечер.

Албумот им го посветувам на мојот брат Влатко и на братучед ми Бранко, кои прерано си заминаа од овој свет. Животот ми беше поврзан со нив, тие беа дел од мене, а и двајцата ги изгубив во рок од една година. Поради тоа јас повеќе не сум истиот. Дел од мене замина, кога заминаа и тие и навистина ми е тешко што повеќе ги нема", рече неготинчанецот.

Ова е негов шести албум, а на него се наоѓаат 15 нумери, плус 3 бонус песни.

Долго време го подготвувам ова. "Мојот пат (Најдоброто од Ѓорѓи Ѓорчев)" е името на албумот. Со него сакам да ја заокружам 20-годишнината од кариерата, а веќе следната година планирам да направам и концерт. По Нова година ќе ја објавам и песната "Ѕвездо сјајна", која веќе ја снимив, но таа нема да се најде на албумот", додава за весникот македонскиот Том Џонс.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега