Ќе умрам, ама не се мажам за џихадист!

 

Голем број мажи Јазиди се убиени или морале да преминат во ислам, а жените од ова племе им биле дарувани на борците на Исламска држава како трофеи или пак се продавани како сексуални робинки

Jазидските жени грабнати од припадниците на Исламска држава попрво се самоубиваат во заробеништво одошто се мажат за припадниците на оваа радикална сунитска групација, објави Амнести интернешнл.

Милитантите од јули па досега имаат грабнато илјадници мажи, жени и деца додека минуваа низ северен Ирак.

Голем број мажи се убиени или морале да преминат во ислам, а жените им биле подарувани на борците како трофеи или се продавани како сексуални робинки, вели АИ во извештајот "Бегство од пеколот".

Околу 300 жени и деца успеале да побегнат од камповите на Исламска држава, а околу 40-ина од нив ги раскажале своите сведоштва пред оваа меѓународна организација за заштита на човековите права.

Џилан имала само 19 години кога годинава била грабната од џихадистите, а нејзиното семејство подоцна дознало дека таа извршила самоубиство.

- Дваесет и една девојка беа сместени во една соба, две беа многу млади, околу 10-12 години. Еден ден ни дадоа облека за танцување и ни наредија да се искапиме и да се облечеме, раскажува 20-годишната Луна.

Џилан се самоуби во бањата. Си ги пресече вените и се обеси. Беше многу убава. Мислам дека знаеше оти ќе ја одведат кај мажите и дека затоа се уби, вели Луна која успеала да побегне.

Останатите девојки опишуваат како милитантите ги тепале, злоставувале, мачеле и им се заканувале и ги силувале.

Некои девојки им биле дарувани на веќе женети мажи, вклучително и странски борци од западните земји кои се приклучиле кон Исламска држава. Преживеаните сведочат за тоа дека некои Ирачанки, сопруги на џихадисти, сочувствувале со јазидските девојки, но главно биле беспомошни. Но, сепак, некои им помогнале да побегнат.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега